
Почитувани,
Ни претставува особена чест и задоволство да Ве известиме дека на ден 01.10.2011 година, Еуростандард Банка АД Скопје го прославува својот јубилеј, 10 години постоење.
Историјат
Во далечната 2001 година, на ден 1 Октомври, Еуростандард Банка АД Скопје започна со работа под името Еуро Свис Банка, како швајцарска инвестиција со целосно приватен капитал.
Започна како мала банка, нова на пазарот, со вкупно 27 вработени.
Со текот на годините, Банката го формираше својот лик, препознатлив по начинот на работа, креирање на производите и услугите кон желбите на клиентите, односот кон општеството и заедницата.
Нашата традиција на сигурност, извонреден квалитет на услугите и професионален тим фокусиран кон клиентите денес не' прави модерен банкарски супермаркет, кој вработува 95 лица, располага со 10 Експозитури и 2 шалтери.
Овој јубилеј за Нас претставува поттик а воедно и обврска за понатамошен раст и вложување во вашио успех, всушност остануваме ПОСВЕТЕНИ НА ВАШИОТ УСПЕХ...



