Документарно гаранциско работење
- Денарски гаранции
- Девизни гаранции
- Инкасо
- Акредитив
Банкарската гаранција претставува инструмент за обезбедување со кој банката како гарант се обврзува на исплата на одредена сума на средства во полза на корисникот на гаранцијата, доколку должникот во предвидениот рок не исполни некоја од обврските наведени во гаранцијата.
Во зависност од видот на обврската која треба да се исполни, Еуростандард банка АД Скопје ги издава следните видови банкарски гаранции:
- Гаранција за сите видови плаќања
- Гаранција за добро извршување
- Гаранција за учество на лицитација
- Гаранција за враќање на добиен аванс
- Гаранција за обврски во гарантен рок
- Гаранција за обезбедување на царинско царински
- Други видови гаранции согласно потребите на клиентите
Банката врши издавање и авизирање на следните видови девизни гаранции:
- Гаранција за сите видови плаќања
- Авансна гаранција
- Лицитациона гаранција
- Гаранција за добро извршување
- Други видови гаранции, зависно од потребите на клиентите
Договор со странскиот деловен партнер, анекс/и кон договорот, фактура, профактура, предлог текст на гаранцијата во случај кога странскиот партнер поставува одредени барања во поглед на текстот на гаранцијата (најчесто кога станува збор за девизна тендерска гаранција)
Лоро девизната гаранција во најголем број случаи пристигнува преку S.W.I.F.T.-от на порака МТ760, но не е исклучена можноста истата да дојде по пошта или комитентот сам да ја донесе (ова единствено во случај кога гаранцијата била издадена на меморандум од странската банка). По приемот на гаранцијата најнапред се утврдува автентичноста на гаранцијата. Доколку не е можно да се утврди нејзината автентичност за тоа веднаш се известува банката која ја издала гаранцијата (ова најчесто е случај кога гаранцијата пристигнала по пошта или комитентот сам ја доставил во Банката) и истата не се проследува понатаму.
Штом ќе се потврди автентичноста на лоро гаранцијата се разгледуваат останатите елементи: кој е корисник на гаранцијата и дали е комитент на Банката, рокот на важноста, предмет на гаранцијата, услови и сл. и писмено се известува комитентот дека е примена лоро гаранција во негова корист со истовремено доставување на копија од гаранцијата. Комитентот е должен внимателно да ја разгледа гаранцијата и без одлагање писмено да ја извести Банката дали истата ја прифаќа или не.
Инкасото обезбедува поголем степен на сигурност за извозниците од класичниот начин на плаќање - плаќање со дознака
Инкасото подразбира откуп на документи од страна на увозникот, кои се презентирани со посредување на банките, со што се овозможува брзо и ефикасно следење и плаќање на веќе извршениот увоз и/или извоз на стока, со прием на сите неопходни документи за понатамошно користење на стоката. Банката како посредник овозможува извршување на плаќањето и приемот на документите.
Инкасото се дели на две категории Извозно и Увозно Инкасо.
Овој инструмент вообичаено се користи кога деловните партнери сеуште немаат изграден однос на взаемна доверба
- Ностро (увозен) акредитив
- Лоро (извозен) акредитив
Акредитивот по својата дефиниција преставува испорака на стока наспроти исплаќање на договорениот износ. Со акредитивното работење своја заштита добиваат и купувачот и продавачот.
Акредитив се користи пред сè во услови кога деловните партнери не се познаваат добро помеѓу себе, како и на почеток од својот деловен однос.
Предност за продавачот при користење на акредитивот е сигурноста дека ќе ја наплати стоката што ја испорачал, доколку ги следи упатствата и условите на акредитивот.
Потребни документи за отворање акредитив:Договор со странскиот деловен партнер, анекс/и кон договорот, фактура, профактура, предлог текст на акредитивот во случај кога странскиот партнер поставува одредени барања во поглед на текстот на акредитивот
Штом ќе се потврди автентичноста на лоро акредитивот се разгледуваат останатите елементи: кој е корисник на акредитивот и дали е комитент на Банката, рокот на важноста, какви документи се бараат за наплата по акредитивот и сл. и писмено се известува комитентот дека е примен лоро акредитив во негова корист со истовремено доставување на копија од акредитивот. Комитентот е должен внимателно да го разгледа акредитивот и без одлагање писмено да ја извести Банката дали истиот го прифаќа или не.