Почитувани Комитенти,
Согласно Општите правила за добивање и користење на Еуростандард платежната картичка, Ве известуваме дека најдоцна до 01.04.2010 година ЕУРОСТАНДАРД Банка АД Скопје ќе започне со практицирање на нов начин на функционирање на ЕСБ што ќе придонесе кон добивање на поедноставен преглед на промените на Вашата сметка.
Промената се состои од следното:
- Секоја настаната промена на картичката ќе започне да сеевидентира дневно на Вашата трансакциска сметка која е поврзана со Еуростандард платежната картичка во Еуростандард Банка АД Скопје.
- За клиентите кои имаат дозволено пречекорување на трансакциската сметка, камата ќе се пресметува на искористениот дел од дозволеното пречекорувањето.
- Доколку со користењето на картичката се надмине износот на дозволено пречекорување, кое го одобрила Банката, на тој дел ќе се пресметува казнена камата.
Износот на дозволеното пречекорување останува непроменет.
Останатите услови за користење на платежната картичка, подигнување на готовина, плаќање во трговија и сл. исто така остануваат непроменети.
За клиентите кои долгот по картичка го отплаќаат на рати (10%, 20% или 50%), најдоцна до 01.04.2010 година, ќе се изврши следнава промена на начинот на функционирање на картичката:
- дозволеното пречекорување на трансакциската сметка, ќе се води како лимит на кредитна картичка со можност за месечна отплата на долгот од минимум 7,5% или повеќе.
- се укинува процент на отплата на долгот од 10%, 20% или 50%.
- Банката ќе доставува месечни фактури по пошта или e-mail, за клиентите кои долгот го отплаќаат на рати.
За сите прашања и дополнителни информации во врска со новиот начин на функционирање на Еуростандард платежната картичка, на располагање Ви стои нашата Дирекција за банкарски операции.
Со почит,
Еуростандард Банка АД Скопје
Дирекција за банкарски операции
02/ 3249-499