Дополнување на известувањето за ЕСБ картичките,
Почитувани Комитенти,
Известувањето кое е објавено на web страната на Еуростандард Банка АД Скопје на 15.03.2010 година, се дополнува со следново:
Почнувајќи од 22.03.2010 престанува да важи можноста за отплата на долгот настанат со користење на ЕСБ платежната картичка на една рата (100%), секој 10-ти во месецот.
Комитентите кои до сега ја имаа можноста за безкаматно одложено плаќање на долгот по ЕСБ картичката на една рата, ги известуваме дека почнувајќи од 22.03.2010 ЕСБ платежната картичка започна да функционира како дебитна картичка, што подразбира дека секоја настаната промена на картичката ќе се евидентира дневно на Вашата трансакциска сметка.
Трансакциите направени со користење на ЕСБ платежната картичка во период од 01.03.2010, заклучно со 21.03.2010, беа задолжени од трансакциските сметки на комитентите на 22.03.2010.
Кај оние клиенти кои имаат позитивно салдо на трансакциската сметка, истото веднаш ќе се намалува за искористениот износ, а кај оние клиенти кои имаат дозволено пречекорување на трансакциската сметка и немаат позитивно салдо на истата, потрошениот износ со картичката ќе го зголеми износот на искористено дозволено пречекорување.
Камата ќе се пресметува на искористениот дел од дозволеното пречекорување.