Брз трансфер на пари - Western Union
Постојаниот напор на Еуростандард Банка да работи во чекор со современите потреби на своите клиенти резултираше со соработка на Еуростандард Банка и Унија Финансиска - Скопје.
Со воведувањето на услугата БРЗ ТРАНСФЕР НА ПАРИ Еуростандард Банка ви нуди можност за испраќање и примање пари во готово во преку 300 земји ширум светот. Оваа услуга е достапна во сите експозитури на Еуростандард Банка.
Сервисот Western Union Money Transfer на Еуростандард Банка гарантира сигурност, безбедност и моментална ефикасност.
Пополнете го формуларот „Испраќaње пари“ на Western Union во една од експозитурите на Еуростандард Банка, а потоа предадете го на овластеното лице во експозитурата заедно со документ за лична идентификација и сумата на пари кои сакате да ја испратите. Откако ќе добиете потврда со контролен број како доказ дека вашето барање е примено и одобрено, известете го примачот на трансферот и задолжително кажете му го контролниот број. Примачот кој сте го назначиле на формуларот ќе може да ги подигне парите во истиот момент откако ќе му го соопштите контролниот број.