Frontpage Slideshow (version 2.0.0) - Copyright © 2006-2008 by JoomlaWorks

Курсна Листа




Куповен
Продажен
EUR EUR
61.40
47.28
72.62
46.79
6.07
7.18
52.51
45.59
43.15
61.87
49.33
75.78
48.82
7.45
8.81
64.41
47.57
45.03
USD USD

GBP
GBP

CHF CHF

SEK SEK

NOK NOK

JPY JPY

CAD CAD

AUD AUD

Променето на 07.09.2010
Корпоративни податоци
Врз основа на Одлуката на Народна Банка на Република Македонија за објавување извештаи и податоци од страна на банката ( Службен весник на РМ 134/2007 и Политиката за обелоденување на ЕУРОСТАНДАРД Банка АД Скопје објавува:

ИЗВЕШТАИ И ПОДАТОЦИ
со состојба 30 Јуни 2010 година

објавени на ден 30 Јули 2010 година

 

1. ПОДАТОЦИ ЗА БАНКАТА
Назив и седиште: ЕУРОСТАНДАРД Банка АД Скопје
Единствен матичен број: 5538041
ЕДБ: 4030001419723
SWIFT код: ESWBMK22
Организациска  структура: Прилог организациска структура
Број на вработени на 31.12.2009 година: 88
Преглед на финансиски активности кои може да ги врши, согласно со дозволата за основање и работење издадена од гувернерот на НБРМ
  • Прибирање на депозити и други повратни извори на средства
  • Кредитирање во земјата, вклучувајки и факторинг и финансирање на комерцијални трансакции
  • Кредитирање во странство, вклучувајки и факторинг и финансирање на комерцијални трансакции
  • идавање и администрирање на платежни средства ( парични картички, чекови, патнички чекови, меници)
  • финансиски лизинг
  • менувачки работи
  • платен промет во замјата и странство, вклучувајки купопродажба на девизи
  • издавање на платежни гаранции,авали и други форми на обезбедување
  • изнајмување сефови, остава и депо
  • тргување со инструменти на пазарот на пари ( меници, чекови,сертификати за депозит)
  • посредување во продажба на полиси за осигурување
  • посредување во склучување договори за кредити и заеми
  • обработка и анализи на информации за кредитна способност на правни лица
  • економско-финансиски консалтинг

РЕШЕНИЕ ОД ГУВЕРНЕРОТ

Преглед на финансиски активности кои во моментот  ги врши:
  • Прибирање на депозити и други повратни извори на средства
  • Кредитирање во земјата, вклучувајки и факторинг и финансирање на комерцијални трансакции
  • Идавање и администрирање на платежни средства ( парични картички, чекови, патнички чекови, меници)
  • менувачки работи
  • платен промет во замјата и странство, вклучувајки купопродажба на девизи
  • издавање на платежни гаранции,авали и други форми на обезбедување
  • изнајмување сефови, остава и депо
  • посредување во склучување договори за кредити и заеми
Преглед на финансиски активности за кои, од страна на гувернерот на НБРМ е изречена забрана или ограничување за нивно вршење, односно е повлечена согласноста НЕМА
Етички кодекс на банката Прилог етички кодекс на банката
1.1 ПОДАТОЦИ ЗА БАНКАРСКА ГРУПА
Назив, седиште и претежна дејност на матичното лице, како и на секој член на банкарска група:

Матично лице :ЕУРОСТАНДАРД Банка АД Скопје ,
Општина Центар,
ул.27 Март бр.2
банки

Подружница :Поштенска Банка АД Скопје
Скопје Општина Центар,
ул 27 Март ББ
банки

Организациска структура на ден 31.12.2009 година:

Организациска структура на Групата:

struktura_na_grupata

Учество на банката во вкупниот број акции во секој член на банкарската група

Поштенска Банка АД Скопје

66.666% во акции со право на глас
66.666% во вкупен број на акции

1.2 ПОДАТОЦИ ЗА БАНКА КОЈА Е ПРЕДМЕТ НА КОНСОЛИДИРАНА СУПЕРВИЗИЈА
Учество на матичното лице во вкупниот број акции на секој член на банкарската група Поштенска Банка АД Скопје

66.666% во вкупен број на акции
Учество на матичното лице во акциите со право на глас на секој член на банкарската група

Поштенска Банка АД Скопје

66.666% во акции со право на глас

Назив на лицата кои се целосно консолидирани

Поштенска Банка АД Скопје

2 ПОДАТОЦИ ЗА АКЦИОНЕРСКА СТРУКТУРА НА БАНКАТА
2.1 АКЦИОНЕРИ СО КВАЛИФИКУВАНО УЧЕСТВО - ПРАВНИ ЛИЦА
назив

1. GOFI GROUP OF FINANCE AND INVESTMENT SA-Melide

2. E.H.H. EASTERN HEMISPHERE HOLDING SA-Melide

седиште

1. Via Pocobelli 14
6815 Melide Switzerland

2. Via Pocobelli 14
6815 Melide Switzerland

правна форма

1. Акционерско друштво

2. Акционерско друштво

претежна дејност

1. Финансиско учество во други друштва, трговија со подвижен имот, извршување на увозно-извозни активности, набавка и продажба на недвижен имот во странство; индустриски инвестиции.

2. Учество во претпријатие од секаков вид, посебно во претпријатија активни од делот на финансии, индустриски услуги и трговија. Друштвото може да основа претпријатија, да зема поголемо или помало учество во постоечките претпријатија и да им одобрува финансирање на истите.

процентот на учество во вкупниот број на акции во Банката

1. 50%

2. 50%

процентот на учество во вкупниот број издадени  акции со право на глас во Банката

1.  50%

2.  50%

3. ПОДАТОЦИ ЗА СОПСТВЕНИТЕ СРЕДСТВА И ЗА АДЕКВАТНОСТА НА КАПИТАЛОТ НА  БАНКАТА
износ на почетен капитал кој е запишан во Централниот регистар 1.100.667.600,00 денари
бројот на акции од секој род и класа, како и номиналниот износ на акциите Обични акции со право наглас  18 000
Номинална вредност на акција 1000 ЕВРА
опис на карактеристиките на основните компоненти на сопствените средства СС
износот и компонентите на основниот капитал, утврден согласно со Одлуката за Методологијата за утврдување на адекватноста на капиталот СС
износот и компоненти на дополнителниот капитал I и дополнителниот капитал II , како и нивниот износ кој, согласно со Методологијата за утврдување на адекватноста на капиталот, може да биде дел од сопствените средства на Банката; СС
видот на одбитните ставки од основниот капитал и дополнителниот капитал и нивниот износ; СС
вкупен износ на сопствените средства и висината на адекватноста на капиталот АК
висина на капиталот потребен за покривање на кредитниот ризик, утврден согласно Методологијата за утврдување на адекватноста на капиталот, прикажан одделно за билансните и вонбилансните ставки АК
висина на капиталот потребен за покривање на валутниот ризик утврден согласно со Методологијата за утврдување на адекватноста на капиталот АК
висина на капиталот потребен за покривање на пазарниот ризик, утврден согласно Методологијата за утврдување на адекватноста на капиталот, при што одделно се прикажува износот на капиталот потребен за покривање на генералниот и специфичниот ризик од вложувања во сопственички хартии од вреднсот и вложувања во должнички инструменти од портфолиото за тргување и износот на капиталот потребен за покривање на ризикот од порамнување/испорака и ризикот од другата договорна страна /
висина на капиталот потребен за покривање на надминувањето на лимитите на изложеност /
висина на капиталот потребен за покривање на оперативниот ризик /
висина на капиталот потребен за покривање на други ризици /
висина на капиталот потребен за покривање на други ризици, доколку банката по сопствена оценка утврдила дополнителен износ на капитал потребен за покривање на тие ризици, или доколку Народната банак утврдила дополнителен износ на потребен капитал, заради природата, видот и обемот на активностите коишто ги извршува банакта и ризиците на кои е изложена како резултат на тие активности /
адекватноста на капиталот  со состојба 31.12.2009 година
4. ПОДАТОЦИ ЗА ПРОЦЕСОТ НА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИТЕ
стратегии и процеси на управување со секој поединечен ризик Банката има воспоставено интегриран систем за управување со сите материјални и нематеријални ризици на кои е изложена и кој е соодветен на природата, големината и сложеноста на финансиските активности коишто ги врши.

Банката во своето работење е изложена на следните видови ризици:
  • кредитен ризик, вклучувајќи го и ризикот на земјата;
  • ликвидносен ризик;
  • валутен ризик;
  • ризик од промена на каматните стапки во портфолиото на банкарските активности;
  • ризик од концентрација на изложеноста на банката;
  • оперативен ризик;
  • стратегиски ризик;
  • правен ризик;
  • репутациски ризик.

Врз основа на Стратегијата за преземање и управување со ризици, Банката воспостави посебни политики и процедури за преземање и управување со сите ризици на кои е изложена во своето работење.

Банката има воспоставено политики за преземање и управување со ризиците кои ќе содржат:
  • оценка на капацитетот на Банката за преземање одделни ризици, како и за оценка на нејзиниот профил на ризичност,
  • организациска поставеност на функцијата за управување со ризиците,
  • основни елементи на управувањето со ризиците,
  • прифатливи инструменти за заштита од или намалување на ризиците,
  • внатрешната контрола и основни елементи на процесот на интерно утврдување и оценка на потребната адекватност на капиталот на банката.

Исто така Банката согласно политиките за преземање и управување со ризиците воспостави процедури за преземање, мерење или оценка, следење, контрола или намалување на ризиците кои треба:
  • да овозможат навремено и сеопфатно идентификување на ризиците (мапирање на ризиците) со кои се соочува Банката;
  • да се засноваат врз квантитативни и/или квалитативни оценки за мерливите и немерливите ризици;
  • да вклучуваат правила, начини и постапки за намалување, диверзификација, трансфер и избегнување на ризиците, кои се идентификувани, мерени и оценети од страна на банката;
  • да се дефинираат фреквенцијата и методите за следење на ризиците.

Банката има воспоставено организациона структура, со јасно дефинирани надлежности и одговорности при преземањето и управувањето со ризиците, која одоговара на големината, видот и сложеноста на Банката и на финансиските активности кои ги врши.

Организацијата на системот за управување со ризиците се воспоставува на следните хиерархиски нивоа:

  • стратешко ниво - функцијата на управување со ризиците се остварува од страна на членовите на Надзорниот одбор и Управниот одбор;
  • макрониво - функцијата на управување со ризиците на ниво на деловна единица или деловна линија и се извршува од страна на другите лица со посебни права и одговорности кои извршуваат раководна функција и/или од посебниот организациски дел надлежен за следење на управувањето со сите или со одделни ризици и се одвива на ниво на Одбор за управување со ризици;
  • микрониво - активностите поврзани со управувањето со ризиците се извршуваат од страна на лицата кои во секојдневното работење преземаат ризици, согласно со процедурите за работа и системите за внатрешна контрола, и се одвива на ниво на центар за управување со ризици и на ниво на деловни единици - сектори.

Кредитен ризик

Кредитниот ризик е ризик од финансиска загуба на Банката доколку клиентот или дговорната странка од финансиски инструмент не успее да ги исполни своите договорни обврски и главно произлегува од дадените кредити и аванси на клиенти и други банки, издадени гаранции и акредитиви и вложувања во хартии од вредност. Со цел управување со ризик Банката ги зема предвид и ги разгледува збирно сите елементи од изложеноста на кредитен ризик (како индивидуален ризик на неисполнување на обврските на должникот, ризик на земја и ризик на одделен сектор).

Управувањето и контролата со кредитниот ризик се централизирани во Центарот за управување со ризици, кој што пак редовно го известува Одборот за управување со ризици и Управниот Одбор, а преку нив Надзорниот Одбор и Одборот за ревизијаБанката ги управува, ограничува и контролира концентрациите на кредитниот ризик во моментот на нивно идентификување - особено во однос на поединечни договорни страни или групи, како и во однос на индустриски сектори и земји.

Изложеноста на кредитен ризик исто така се управува преку редовна анализа на способноста на позајмувачите да ги исполнат своите обврски по основ на каматата и главнината, како и преку измена на овие кредитни лимити доколку е тоа возможно.

Обезбедувањето претставува еден од најтрадиционалните и најчести начини за намалување на кредитниот ризик. Банката применува упатства во врска со прифатливоста на одредени класи на обезбедување.

Долгорочното финансирање, корпоративното кредитирање и револвинг кредитите за населението се генерално обезбедени. Освен тоа, со цел да се минимизира кредитната загуба, Банката ќе бара дополнително обезбедување од договорната страна веднаш штом се забележат индикатори за оштетување на одредени релевантни поединечни кредитни пласмани и аванси.

Резервирањето поради оштетување на крајот на годината потекнува од секое поединечно ниво на интерно рангирање како што е тоа претходно објаснето во делот за Мерење на кредитниот ризик. Во табелата подолу се прикажанаи применетите проценти на резервирање од оштетување кај ставките на кредитите и авансите рангирани согласно интернот систем на рангирање кој го применува Банката:

Интерното рангирање му помага на Раководството при утврдувањето на постоење на објективен доказ за оштетување, според МСС 39, врз основа на следните критериуми утврдени од страна на Банката:
  • Непочитување на договорните обврски за плаќање на главнината или каматата,
  • Потешкотии со паричните текови кај позајмувачот,
  • Неисполнување на договорите или условите за кредитирање,
  • Отпочнување на стечајни постапки,
  • Влошување на конкурентната позиција на позајмувачот, и
  • Намалување на вредноста на дадените гаранции - колатерал.

По извршената класификација на изложеноста на кредитен ризик на поединечна основа, Банката врши исправка на вредноста на активните билансни и вонбиласни побарувања преку утврдување на сегашна вредност на идните парични текови кои ќе настанат врз основа на тие побарувања.

Износот на исправката на вредност за активните билансни побарувања на поединечна основа се утврдува како разлика помеѓу сметководствената вредност на билансите побарувања и нивната сегашна вредност (процент надоместлив износ). Сегашната вредност на активните билансни побарувања се добива со дисконтирање на очекуваните идни парични текови по тие побарувања со употреба на ефективна каматна стапка утврдена врз основа на договорот.

Ефективната каматна стапка е каматна стапка со чија примена сегашната вредност на сите идни парични приливи се изедначува со сегашната вредност на сите идни парични одливи. При пресметка на ефективната каматна стапка банката:
  • ќе ги земе во предвид сите идни парични текови (приливи и одливи) кои се очекува дека ќе настанат согласно договорените услови,
  • ќе ги земе во предвид и сите платени и/ или наплатени провизии и надомести кои претставуваат составен дел од ефективната каматна стапка на побарувањето,
  • нема да ги земе во предвид провизиите и надоместите за вложување на депозит како обезбедување за побарувањето,
  • нема да ги земе предвид идните загуби поради кредитен ризик од побарувањето.

За потребите за дисконтирање на очекуваните идни парични текови се употребува ефективна каматна стапка на годишна основа.

Доколку поради финансиски потешкотии на клиентот, банката одобри измена на условите на кредитирање, во поглед на висината на каматата и периодите на отплата на обврските на клиенти, за дисконтирање на очекуваните идни парични текови се употребува ефективната каматна стапка, важечка пред измените на условите на кредитирање.

За дисконтирање на очекуваните идни парични текови од побарувања со променлива каматна стапка, банката ќе ја примени ефективната каматна стапка, согласно со договорот, важечка на денот на утврдување на сегашната вредност на очекуваните парични текови. Во овие случаи, ефективната каматана стапка се пресметува за целиот период на важност на договорот (не само на преостанатиот период до достасување), со примена на каматна стапка, важечка на денот на утврдување на сегашната вредност на очекуваните парични текови. Доколку каматна стапка на денот на утврдување на сегашната вредност е променета за помалку од 10% во однос на последната каматна стапка со која е извршено дисконтирање на идните парични текови, банката може да ја примени претходната ефективна каматна стапка која била применета при утврдување на сегашната вредност на очекуваните идни парични текови.

Банката врши исправка на вредноста, односно издвојува посебна резерва, во рамките на следните граници:
  • од 0% до 10% од изложеноста на кредитен ризик класифицирана во категоријата на ризик “А”;
  • над 10% до 25% од изложеноста на кредитен ризик класифицирана во категоријата на ризик “Б”;
  • над 25% до 50% од изложеноста на кредитен ризик класифицирана во категоријата на ризик “В”;
  • над 50% до 75% од изложеноста на кредитен ризик класифицирана во категоријата на ризик “Г”;
  • над 75% до 100% од изложеноста на кредитен ризик класифицирана во категоријата на ризик “Д”.

Ликвидносен ризик

Ликвидносен ризик е ризикот банката да не може да обезбеди доволно средства за измирување на своите краткорочни обврски во моментот на нивно достасување, или потребните средства да ги обезбеди со многу повисоки трошоци.

Под управување со ликвидносен ризик се подразбира управување со активата и пасивата на начин што ќе овозможи навремено и редовно плаќање на обврските, во нормални или во вонредни услови на работење на банката.

За следење на нивото на ликвидност и на изложеност на ликвидносен ризик, Банката пресметува ликвидносни показатели и ги дефинира соодветните граници во кои истите можат да се движат. Лимитите кај ликвидоносните индикатори во Банката се одредени врз основа на досегашните искуства од работењето и очекуваните движења. Ревидирање на ликвидносните показатели се врши на предлог на Центарот за управување со ризици, од страна на Одборот за управување со ризици.

За управување со ликвидносниот ризик во вонредни услови во Банката постои План за управување со ликвидносниот ризик во вонредни услови.

Валутен ризик

Валутниот ризик е ризик од загуба заради промена на меѓувалутарните курсеви и/или промена на вредноста на денорот во однос на вредноста на другите странски валути.
Банката е изложена на девизен ризик преку трансакциите во странска валута. Флуктуацијата на девизните курсеви има влијание врз финансискиот резултат и паричниот тек на Банката.

Банката ги почитува сите законски и интерни пропишани лимити за следење на валутниот ризик.

Ризик од промена на каматните стапки во портфолиото на банкарските активности

Банката е изложена на ризикот од промена на каматните стапки во портфолиото на банкарските активности кој преставува ризик од загуба којашто произлегува од неповолните промени на каматните стапки, а коишто влијаат на позициите во портфолиото на банкарските активности на Банката.

При оцена на изложеноста на ризик од промена на каматните стапки, Банката ги има во предвид сите позиции од портфолиото на банкарските активности коишто се чувствителни на промените на каматните стапки, поради што можат да влијаат врз добивката и сопствените средства на банката.  

Банката постојано ги следи движењата на каматните стапки, како на домашниот така и на странскиот пазар и ја прилагодува висината на каматните стапки согласно на тие движења.

Со користење на пондери, Банката ја утврдува промената на економската вредност на портфолиото на банкарските активности по одделни значајни валути или збирно, за сите останати валути. Збирот на пондерираните нето долги или кратки позиции по одделни значајни валути или збирно за сите останати валути, ја преставува вкупната пондерирана вредност на портфолиото на банкарски активности.

Вкупната пондерирана вредност на портфолиото на банкарски активности, се изразува во апсолутен износ и ја прикажува промената на економската вредност на ова портфолио, како резултат на промената на каматните стапки со користење на стандардниот каматен шок.

Банката го утврдува односот на вкупната пондерирана вредност на портфолиото на банкарски активности (промена на екомската вредност на ова портфолио) и износот на сопствените средства на Банката.

Оперативен ризик

Оперативен ризик е ризик од загуба поради несоодветни или слаби интерни процеси, несоодветни лица или слаби системи во Банката и надворешни настани.

Оперативниот ризик се разликува од останатите банкарски ризици бидејќи не се превзема директно, но е присутен во вообичаениот тек на извршување на активностите, што влијае на процесот на управување со тој ризик. Изворите на оперативен ризик се бројни и присутни на сите нивоа на одлучување и извршување, во деловните процеси, кај секој извршител и во секој сегмент на деловните трансакции и операции.

Банката го утврдува и проценува инхерентниот оперативен ризик поврзан со сите значајни производи, активности, процеси и системи како и оперативниот ризик поврзан со воведување на нови производи, процеси и системи и нови активности.

Изворите на оперативен ризик се бројни и присутни на сите нивоа на одлучување и извршување, во деловните процеси, кај секој извршител и во секој сегмент на деловните трансакции и операции.

Стратегиски ризик

Стратегискиот ризик е тековниот или потенцијалниот ризик по добивката и капиталот кој произлегува од неповолни деловни одлуки, несоодветно спроведување на одлуки, или недостаток од реакција кон промените во деловната средина.

Стратегискиот ризик произлегува од усогласеноста на стартешките цели на Банката, развиените деловни стратегии и човечките ресурси вработени во постигнување на стартегиските цели како и квалитетот на нивното спроведување. Утврдувањето и мерењето на стратегискиот ризик се вршат преку стратегиско планирање, подготвителни процеси за стратегискиот план и реалноста од остварување на стратегискиот план. И стратегискиот и деловниот план треба да се во согласност со деловниот опфат, комплексноста, надворешните и внатрешните фактори на Банката.

Правен ризик

Правен ризик е тековен или иден ризик врз добивката и сопствените средства на Банката, предизвикан од прекршување или непочитување на законските и подзаконските прописи, договори, пропишани практики, етички стандарди или како последица на погрешно толкување на прописите, правилата, договорите и други правни документи.

Банката е изложена на правен ризик при воспоставување на деловни односи со голем број на акционери, клиенти, засегнати страни, преговарачи, посредници, како и регулаторните и даночните институции, локалната самоуправа итн.

Правниот ризик произлегува од неопходноста Банката да ги управува банкарските процеси во согласност со бизнис и договорните правни принципи. Kога Банката не ги испочитувала законските барања, тогаш е соочена со последици од типот на необезбедени и рушливи договори, неповолни последици, парнични постапки, казни, исплата на штети, репутациски удар, намалување на растечкиот потенцијал на Банката.

Правниот ризик може да доведе до намалување на репутацијата на Банката, која се појавува од неповолниот однос и перцепција на Банката од страна на клиентите, засегнати страни, акционери, регулатори итн. Тоа влијае на способноста Банката да воспостави нови деловни односи, нови продукти или опслужување и сервисирање на постојните релации. Овој ризик може да предизвика Банката да се соочи со административни, граѓански и кривични одговорности и обврски, финансиски загуби или намалување на клиентската база.


Репутациски ризик

Репутацискиот ризик е тековниот или иден ризик врз добивката или сопствените средства на Банката кој произлегува од неповолните согледувања на клиентите, доверителите, акционерите, инвеститорите и регулаторите за работењето на Банката.

Банката воспоставува и применува строги процедури за заштита на тајноста на податоците за своите клиенти, во согласност со Законот за Банки и други прописи со кој се регулира тајноста на податоците, процедури за заштита на злоупотреби од страна на вработените, како и спречување на активностите на перење пари и финансирање на тероризам, прекршување на забраните или превземање други активности кои значат непочитување на регулативата или имаат за цел да нанесат штета на трети лица и процедури за постапување по поплаките од страна на клиентите и обезбедува нивна соодветна примена.

Стрес-тестирање

Банката најмалку два пати годишно врши стрес-тестирање, заради оценка на потенцијалното влијание на еден или повеќе внатрешни или надворешни фактори на ризик врз вредноста на средствата и обврските на Банката, односно нивото на сопствени средства и адекватноста на капиталот.

Стрес-тестирањето одговара на големината, видот и сложеноста на Банката и на финансиските активности кои ги врши и да се  однесува на сите материјални ризици на кои е изложена Банката, вклучувајќи ја и евентуалното меѓусебно влијание меѓу одделните ризици.
структура и организација на функцијата на управување со ризици
структура на системот за мерење на ризикот и системот на внатрешно известување
политики за заштита и намалување на ризикот како и процедурите за следење на ефикасноста на извршувањето на овие политики
опис на политиката за вршење исправка на вредност и за издвојување на посебна резерва
0 во 000 денари
износ на изложеност кон кредитен ризик, пред издвоената посебна резерва 2,113,704
износ на изложеност кон кредитен ризик, по извршената исправка на вредност, односно по издвоената посебна резерва 1,809,091
просечна изложеност на кредитен ризик за периодот за кој се објавува и изложеноста по одделни категории на ризик 787
износ на достасаните кредити 19,884
износ на изложеностите на кредитен ризик за кои е извршена исправка на вредноста, односно издвоена посебна резерва 1,470,530
географска дистрибуција на изложеноста на кредитен ризик - РМ, земји членки на ЕУ, останатите земји во Европа, земјите-членки на ОЕЦД (со исклучок на земјите од Европа), останатите земји; 0
земји РМ 2,027,151
земји членки на ЕУ 86,553
ВКУПНО 2,113,704
секторска дистрибуција на изложеноста на кредитен ризик - изложеност кон банки, други финансиски институции, нефинансиски институции, домаќинства, држава, непрофитни институции кои им служат на домаќинствата, нерезиденти 0
Земјоделство, лов и шумарство 13,225
Рибарство 0
Вадење на руди и камен 22,698
Преработувачка индустрија 420,006
Снабдување со електрична енергија, гас и вода 18,519
Градежништво 103,536
Трговија на големо и трговија на мало; поправка на мот. возила, и предмети за лич. употр. и домаќ. 537,856
Хотели и ресторани 9,228
Сообраќај, складирање и врски 49,273
Финансиско посредување 476,976
Активности во врска со недвижен имот, изнајмување и деловни активности 180,595
Јавна управа и одбрана; задолжителна социјална заштита 0
Образование 220
Здравство и социјална работа 6,663
Други комунални, културни, општи и лични услужни активности 40,254
Приватни домаќинства со вработени лица 0
Екстериторијални организации и тела 0
Кредити за набавка и реновирање на станбен простор 12,913
Кредити за набавка и реновирање на деловен простор 0
Потрошувачки кредити 108,241
Негативни салда по тековни сметки 0
Кредити врз основа на издадени кредитни картички 74,905
Автомобилски кредити 0
Други кредити 38,091
Земјоделство 0
Трговија 0
Други услужни дејности 0
Останати дејности 505
ВКУПНО 2,113,704
0 Банката не тргува со финансиски инструменти
пристап кој се користи за пресметка на капиталот потребен за покривање на оперативен ризик се користи базичниот пристап
опис на стратегија на банката за стекнување капитални делови во други правни лица Согласно деловната политика и развоениот план на Банката не се предвидени капитални вложувања
опис на стратегијата на банката за сметководствено вреднување на капиталните вложувања н/а
износ на капиталните вложувања и нивната класификација според видот, т.е. според тоа дали се работи за вложувања во сопственички хартии од вредност за кои постои активен пазар или за вложувања во сопственички ХВ за кои не постои активен пазар н/а
секторска структура на капитални вложувања (капитални вложувања во банки, други финансиски институции, нефинансиски институции, нерезиденти) н/а
кумулативен износ на реализираните добивки (загуби) кои произлегуваат од отуѓување на вложувањата во текот на периодот за кој се објавува н/а
вкупен износ на нереализирани добивки (загуби) од капиталните вложувања н/а
 

Последни Новости

<< >>

Намалување на каматните стапки на кредитите за физички лица.

Еуростандард Банка АД Скопје ги намали каматните стапки на к...

02 Јул 2010

Повеќе

Дополнување на известувањето за ЕСБ картичките

Дополнување на известувањето за ЕСБ картичките, Почитувани ...

25 Мар 2010

Повеќе

Нов начин на функционирање на ЕСБ картичката

Почитувани Комитенти, Согласно Општите правила за добивање ...

15 Мар 2010

Повеќе

Николче Петкоски нов директор на Еуростандард Банка

СООПШТЕНИЕ   Николче Петкоски е новиот Претседател на Упр...

12 Фев 2010

Повеќе

Известување за нови апликации за отварање клиенти

И З В Е С Т У В А Њ Е Согласно важечката законска регу...

31 Дек 2009

Повеќе

Работно време за новогодишните празници

И З В Е С Т У В A Њ Е Почитувани клиенти, Ве известув...

30 Дек 2009

Повеќе

Конвертор на валути

Конвертирај 


во


  

Според Google Currency Convetrer

ebanking


lokator

mapa

kontakt