Хипотекарен потрошувачки кредит

__Хипотекарен__ потрошувачки кредит
  • Кредитен калкулатор
    Изберете валута
    ЕУР
    ДЕН

    Посакуван износ 30.000 ден.

    Број на месеци 12

    Каматна стапка

    7.26 %

    Месечен ануитет

    6.342

    Вкупно враќате

    107.822

    Вкупна камата

    7.822

    СВТ од 0 %.

    *Врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ, интеркаларната камата и висината на номиналната каматна стапка. Нотарските трошоци, трошоците за упис на заложното право во соодветната јавна книга, трошоци за проценка и трошоците за осигурување на заложениот недвижен имот од основни ризици не се вклучени во пресметката на СВТ и паѓаат на товар на корисникот на кредитот.

  • Линкови десно

Ненаменски кредит со залог на недвижен имот

Инвестиција или готовина, потрошувачкиот кредит со залог на хипотека Ви овозможува со ставање залог на Вашиот недвижен имот да ги обезбедите средствата кои Ви се неопходни.

Можете да аплицирате за кредит до 120,000 евра и отплата на 20 години

  • До 120,000 евраХипотекарниот кредит Ви овозможува износ до 120,000 евра во денарски противвредност
  • До 20 годиниМожност за отплата до 20 години согласно Вашите желби и можности
  • Од 6,4% годишно Единствена каматна стапка од 6,4% на годишно ниво
  • Брза исплата Средствата ги добивате веднаш на Вашата трансакциска сметка
  • Маестро дебитна картичкаПри аплицирање за хипотекарен кредит добивате можност за бесплатна Маестро дебитна картичка

Карактеристики на кредитот

  • Максимален износ на кредитот до 120.000 ЕУР во денарска противвредност во зависност од кредитната способност на кредитобарателот
  • Рок на отплата: до 20 години (240 еднакви месечни ануитети)
  • Каматна стапка:
    • 6,4% на годишно подлежна на промени за кредити со девизна клаузула за оние клиенти кои своите месечни примања ги примаат во ЕСБ (СВТ од 6,72%*)
    • 7,0% на годишно подлежна на промени за МКД за оние клиенти кои своите месечни примања ги примаат во ЕСБ (СВТ од 7,36%*);
    • 7,4% годишно подлежна на промени за кредити со девизна клаузула за оние клиенти кои своите месечни примања не ги примаат во ЕСБ (СВТ од 7,79%*)
    • 9,75% на годишно подлежна на промени за МКД за оние клиенти кои своите месечни примања не ги примаат во ЕСБ (СВТ од 10,35%*)
  • Казнена камата во висина на стапката на законската казнена камата
  • Надоместоци до 1,0% фиксно, однапред за управување со кредитот и други трошоци за Банката, минимум 1.000 денари
  • Надоместоци за предвремена отплата на кредитот: до 2% на преостанато салдо на главница, освен во случај кога клиентот користи нов кредит во Банката.

Обезбедување

  • Конституирано заложно право, хипотека на недвижен имот во корист на Банката, во вредност од минимум 150% од вредноста на кредитот
  • Полиса за осигурување на заложениот недвижен имот винкулирана во корист на Банката;
  • Меница со менична изјава потпишана од Корисникот на кредитот и кокредитокорисниците (доколку има)

Право на користење

  • Физички лица, државјани на РМ, кои за обезбедување на кредитот ќе заложат недвижен имот, кој гласи на лично име на корисникот на кредитот или на друго правно или физичко лице.

Потребна документација

  • Исправа за идентификација (лична карта или патна исправа) при што оригинал или фотокопија заверена на нотар се доставува на увид, а фотокопија од исправата за идентификација останува во досието
  • М1/М2 образец за пријава на работникот во Агенција за вработување освен за вработени во јавни претпријатија, државни институции или фирми депоненти на Банката
  • Дополнителна документација за дополнители приходи кои ги остварува кредитобарателот независно од работниот однос
  • Рекапитулари за последни три месечни плати – заверени од УЈП освен за вработени во јавни претпријатија, државни институции и бонитетни фирми (листата на бонитетни фирми се усвојува од Одборот за Управување со ризици и е прилог кон Процедурите) и фирми депоненти на Банката
  • По оценка на вработениот во Банката може да се побара и дополнителна документација како Тековна состојба од работодавец за фирми во приватна сопственост, извод од трансакциска сметка на кредитобарателот и сл.
  • Заверени податоци за финансиска состојба – составен дел на апликацијата за кредит или документација со која се утврдуваат месечните приходи на кредитобарателот и кокредитобарателите (доколку ги има) како потврда за просечни месечни примања од работодавецот, договор за закуп заверен на нотар, договор за авторски надоместок, чек од пензија, и останата документација со која се потврдуваат месечните приходи (банката задржува копија)
  • Имотен лист (не постар од 2 недели)
  • Проценка од овластен проценител
НAПОМЕНА:
  • Банката го задржува правото да побара дополнителна документација за докажување на веродостојноста на веќе доставената апликација за кредит
  • Ануитетите доспеваат последен календарски ден во месецот
  • Отплатата на месечниот ануитет не може да надмине 1/3 (една третина) од месечните примања на кредитокорисникот