Стандард потрошувачки кредит

__Стандард__ потрошувачки кредит
  • Кредитен калкулатор

    Посакуван износ 30.000 ден.

    Број на месеци 12

    Каматна стапка

    7.26 %

    Месечен ануитет

    6.342

    Вкупно враќате

    107.822

    Вкупна камата

    7.822

    СВТ од 7.822 %.

    *Врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ, интеркаларната камата и висината на номиналната каматна стапка.

  • Линкови десно

Ненаменски потрошувачки кредит до 800,000 денари

Стандард потрошувачкиот кредит до 800,000 денари е одлична можност да се ужива во купувањето без ограничувања. Кредитот може да се користи и за рефинансирање на кредити од други банки

Можете да аплицирате за СТАНДАРД потрошувачки кредит со 2 (два) жиранти, на износ, рок и начин на отплата кој само Вам Ви одговара.

  • Отплата до 7 годиниМожност за отплата на 48, 60 или 84 месеци согласно Вашите желби и можности
  • До 800,000 денари Можност да добиете ненаменски кредит до 800,000 денари со 2 жиранти
  • Брза исплатаПо одобрување на кредитот, средствата ги добивате веднаш на Вашата трансакциска сметка
  • РефинансирањеМожност за рефинансирање на кредити и картички без надоместок
  • Маестро дебитна картичкаПри аплицирање за Стандард потрошувачки кредит добивате можност за бесплатна Маестро дебитна картичка

 

Карактеристики на кредитот

  • Максимален износ на кредит до 800,000 денари, во зависност од кредитната способност на кредитобарателот
  • Рок на отплата до 7 години (84 еднакви месечни ануитети)
  • Каматна стапка 11,25% годишно, променлива, согласно Правилникот за висина на каматни стапки на Еуростандард Банка
  • Казнена камата во висина на стапката на законската казнена камата
  • Надоместоци до 2,0% фиксно, однапред за управување со кредитот, минимум 1,000 денари

Обезбедување

  • Меница со менична изјава потпишана од Корисникот на кредитот и 2 (два) кредитоспособни жиранти

Право на користење

  • Физички лица државјани на Република Македонија
  • Лица кои користат кредит или се жиранти на кредит во ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД не може да се јават како жиранти на друг кредит
  • Нето платите на кредитобарателот и жирантите не смеат да бидат помали од 10,000 денари

Потребна документација

  • За вработени во приватен сектор да се достави фотокопија од М1-М2 обрасци и рекапитулари за исплата на плата заверени во УЈП за последните 3 месеци и тековна состојба за фирмата од Централен регистар.
  • Во прилог на барањето задолжително да се достават фотокопии од документ за идентификација на кредитобарателот и жирантот
НAПОМЕНА:
  • Банката го задржува правото да побара дополнителна документација за докажување на веродостојноста на веќе доставената апликација за кредит
  • Ануитетите доспеваат последен календарски ден во месецот
  • Отплатата на месечниот ануитет не може да надмине 1/3 (една третина) од месечните примања на кредитокорисникот