Cashback картичка на Еуростандард Банка

SCnet претставува глобална организација на потрошувачи кои се регистрираат на интернет страницата на SCnet Македонија (http://www.scnetmakedonija.com/mk/). При регистрацијата, потрошувачите добиваат единствен идентификационен број во рамки на SCnet системот и сопствена веб канцеларија.

Cashback картичка

Потрошувачите купувајќи го се она што и инаку секојдневно го купуваат (производи за домаќинство, гориво, облека, техничка стока итн) остваруваат поврат на пари (cashback) купувајќи во компаниите Партнери на SCnet Македонија (приближно 430 на пазарот на РМ).

SCnet Македонија ги склучува договорите со сите компании Партнери и обезбедува попусти кои ги враќа назад на потрошувачите. Потрошувачите своите средства ги гледаат во своите веб канцеларии, а истите можат понатаму да ги потрошат во компаниите Партнери или пак да им се исплатат на трансакциска сметка што е избор на самиот потрошувач.