Нова поволност за пензионерите

Еуростандард Банка започна да врши исплата на пензиите првиот работен ден во месецот

Со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти, Еуростандард банка започна исплатата на пензиите да ја врши во првиот работен ден во месецот без оглед дали истите се префрлени од страна на пензискиот фонд или не. На овој начин им се овозможува на пензионерите клиенти на Банката да располагаат со средствата од својата пензија уште во првиот работен ден во месецот.

Оваа погодност ќе се однесува на сите пензионери без оглед дали избрале пензијата да ја добиваат со достава во својот дом или на трансакциска сметка.

Сите пензионери кои својата пензија ја добиваат на трансакциска сметка во Еуростандард банка, можат истата да ја подигнат и на шалтерите во секоја Пошта во Р.Македонија.


Со почит,
ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД СКОПЈЕ