Поддршка за лицата со аутизам

Еуростандард Банка со поддршка за лицата со аутизам, АДХР и Аспергеров синдром „Во Мојот Свет“

На 19.05.2016 година, Еуростандард банка донираше финансиски средства за поддршка на активностите на Здружението на граѓани за третман на лицата со Аутизам, АДХД и Аспергеров синдром „Во мојот свет“. Средствата од оваа донација ќе бидат искористени пред сѐ за издавање на списанието „Досие сино“ кое здружението го печати неколку пати годишно со цел да ги информира и едуцира сите оние кои се соочуваат со аутизмот, АДХД или аспергеровиот синдром, во рамките на своето семејство или пошироко.

Целта на оваа донација е да дадеме свој придонес кон јакнењето на свеста на јавноста за аутизмот кој како синдром се позачестено се јавува кај малите деца. Работата на здружението „Во мојот свет“ е од големо значење за поддршка, информирање и едуцирање на лицата со овие синдроми и нивните семејства и од таа причина Еуростандард банка сесрдно ја прифати можноста да го поддржи нивното работење.

Списанието Досие сино започна да се издава од 2014 година и истото содржи научни текстови и објаснувања на стручни лица со долгогодишно искуство за третманот на овие синдроми во Република Македонија и во светот.


Со почит,
ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД СКОПЈЕ