Бесплатно СМС банкарство

Летна промоција на Еуростандард Банка – Бесплатно СМС банкарство

Ова лето, за сите свои клиенти Еуростандард банка промотивно овозможува бесплатно користење на услугата СМС банкарство. Корисниците на оваа услуга имаат можност да добиваат СМС информации за промената на состојбата на трансакциските сметки на нивните мобилни телефони и навремено да се информираат за секоја извршена трансакција во земјата или во странство. Промотивниот период трае од 1-ви Јуни до 31-ви Декември 2016 година.

СМС банкарство

“Целта на услугата СМС банкарство на Еуростандард банка е да им го олесни секојдневието на нашите клиенти на тој начин што ќе им понуди можност за контрола на состојбата на картичката 24 часа во денот, а со тоа спречување на било каква злоупотреба. Ова е особено важно во летниот период кога многумина од нашите клиенти ги користат своите годишни одмори, патуваат, а со тоа, немаат брз и лесен увид во состојбата на нивната сметка каде и да се.” - изјавија од Еуростандард банка.

Услугата СМС банкарство е достапна за сите физички и правни клиенти на банката со едноставно поднесување барање во било која филијала на Банката.


Со почит,
ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД СКОПЈЕ