Услуги со хартии од вредност

Посредуваме при купување и продавање на хартии од вредност на македонската берза

Тргувањето со хартии од вредност се одвива
секој работен ден од 09:00 до 13:00 часот

  • Зошто да инвестирате во хартии од вредност?Можност за заработка, можност за диверзификација на ризик од инвестирање, ниски каматни стапки на банкарски депозити
  • Како да инвестирате во хартии од вредност?Со еднократно склучување на Договор, веќе можете да доставувате налози за продавање и купување на хартии од вредност
  • ЕдноставноЕдноставна процедура за купување или продавање на хартии од вредност директно во просториите на брокерската куќа или по факс
  • Редовно информирањеЗа движења на цените на хартиите од вредност на пазарот, за сите објавени информации за компаниите кои котираат на Македонската берза, за сите трансакции за Ваша сметка, за тековната состојба на Вашето портфолио
  • Зошто треба да им верувате на нашите брокери?Искуство еднакво на постоењето на Македонската берза, ефикасно и брзо реализирање на Вашите налози, редовно Ве информираме за движењето на пазарот
  • СоветувањеВе советуваме за изборот на инвестициите, статусот на Вашето портфолио, информации за тековните цени на хартиите од вредност
  • КупувањеПри купување на хартии од вредност, однапред се врши уплата на потребните средства за купување на хартиите од вредност вклучително со провизиите на клиентската сметка на Еуростандард Банка АД Скопје во НБРМ со број 100000070037052, со цел на дознака: „за купување на х.в за клиент број“
  • ПродавањеПри продажба на хартии од вредност, од вредноста на продадените хартии од вредност се одбива сумата потребна за провизиите и се врши исплата на нето вредноста на Вашата трансакциска сметка на третиот работен ден од денот на склучувањето на трансакцијата (Т+3)

Еуростандард Банка АД Скопје, согласно член 94 од Законот за хартии од вредност, ги извршува следните услуги со хартии од вредност:

а) купување и продавање на хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот
б) купување и продавање на хартии од вредност во свое име и за своја сметка
в) управување со портфолио на хартии од вредност по налог и за сметка на индивидуален клиент
г) вршење на трансакциите и активностите за сметка на издавачот на хартиите од вредност потребни за успешна јавна понуда на хартии од вредност, без задолжителен откуп на непродадените хартии од вредност
д) вршење на трансакции и активности за сметка на издавачот на хартиите од вредност потребни за успешна јавна понуда на хартии од вредност, со или без задолжителен откуп на непродадените хартии од вредност
ѓ) дејствување како покровител при котација
е) инвестиционо советување
ж) извршување на трансакции и активности за сметка на трети лица потребни за преземање на едно акционерско друштво во согласност со Законот за преземање на акционерски друштва
з) чување на хартии од вредност што вклучува отворање и водење на сметки на хартии од вредност во свое име, а за сметка на клиенти во депозитар, отворање и водење на сметки на хартии од вредност и за своите клиенти кои не се сопственици на тие хартии од вредност, а за сметка на нивните клиенти и други услуги со хартии од вредност по налог на клиентот (исплата на достасани побарувања од издавачите врз основа на достасани хартии од вредност, камати и дивиденди за сметка на сопствениците на тие хартии од вредност, известување за собранија на акционерите и застапување на тие собранија, плаќање на даночни обврски на клиентот врз основа на хартии од вредност кои се во негова сопственост и слично)
ѕ) прием и пренос на налози за купување и продавање на хартии од вредност на странски пазари на хартии од вредност
и) вршење дополнителни услуги за издавачите на хартии од вредност.