Сефови за физички лица

Со цел поголема сигурност на Вашите драгоцени нешта, материјални вредности и документи, Еуростандард банка Ви нуди можност за изнајмување сефови. Современиот систем на обезбедување и адекватните климатски услови во просториите каде што се сместени сефовите ви нудат гаранција за постојана заштита и сигурност на сите Ваши драгоцености.

КОЈ МОЖЕ ДА КОРИСТИ СЕФ?

  • Домашни и странски полнолетни физички лица
  • Физичко лице корисник на сефот може да овласти едно или повеќе лица за користење на истиот сеф

    Превземи апликација за полномошно
  • Домашни и странски правни лица- едно или две лица кои се овластени за ракување со сефот
  • Правното лице корисник на сефот може да додели овластување за поединечно или колективно ракување со сефот

    Превземи апликација за полномошно

ТИПОВИ НА СЕФОВИ

 

 

Тип на сефДимензии (см)Годишен закуп (ден.)Намена
А 6 x 42 x 26 1.080 пари, накит,
резервни клучеви, драгоцености
Б 14 x 42 x 26 1,350 документи, штедни книшки,
хартии од вредност, пари
В 20 x 42 x 26 1,890 хартии од вредност, накит,
пари, документи
Г 29 x 42 x 26 2,160 уметнички слики, скапоцени предмети,
накит, пари

ШТО МОЖЕ ДА СЕ ЧУВА ВО СЕФОТ?
Документи, хартии од вредност, пари, накит, штедни книшки, резервни клучеви, уметнички слики, накит и други слични драгоцености.

ШТО НЕ СМЕЕ ДА СЕ ЧУВА ВО СЕФОТ?
Предмети кои можат да ја загрозат сигурноста на вработените и просториите на Банката или да ги оштетат сефовите: расипливи, експлозивни, запаливи и радиоактивни премети, оружје.

РАБОТНО ВРЕМЕ
08:00 - 16:00 часот