Брз трансфер на пари

__Брз__ трансфер на пари

Постојаниот напор на Еуростандард Банка да работи во чекор со современите потреби на своите клиенти резултираше со соработка на Еуростандард Банка и Унија финансиска - Скопје.

Со воведувањето на услугата БРЗ ТРАНСФЕР НА ПАРИ, Еуростандард Банка ви нуди можност за испраќање и примање пари во готово во преку 300 земји во светот. Оваа услуга е достапна во сите експозитури на Еуростандард Банка.

Сервисот Western Union Money Transfer на Еуростандард Банка гарантира сигурност, безбедност и моментална ефикасност.

  • Испраќање париПополнете го формуларот „Испраќaње пари“ на Western Union во една од експозитурите на Еуростандард Банка, а потоа предадете го на овластеното лице во експозитурата заедно со документ за лична идентификација и сумата пари што сакате да ја испратите. Откако ќе добиете потврда со контролен број како доказ дека вашето барање е примено и одобрено, известете го примачот на трансферот и задолжително кажете му го контролниот број. Примачот што сте го назначиле на формуларот ќе може да ги подигне парите во истиот момент откако ќе му го соопштите контролниот број.
  • Примање париОткако ќе добиете известување од страна на испраќачот за извршениот трансфер, точниот износ и времето на испраќање, дојдете во една од експозитурите на Еуростандард Банка и пополнете го формуларот „Примање пари“. Во него наведете ја земјата од каде што пристигнуваат парите, името на испраќачот, сумата што ја очекувате и, секако, контролниот број. Пополнетиот формулар предадете му го на овластеното лице во експозитурата и приложете документ за лична идентификација. Доколку податоците наведени од страна на испраќачот се компатибилни со вашите, овластеното лице ќе ви ги исплати парите во истиот момент.