Заштита на лични податоци

__Заштита__ на лични податоци

Еуростандард Банка АД Скопје (во понатамошниот текст Банка), заштитата на приватноста и личните податоци на своите клиенти ја зема сериозно и при тоа ги презема сите технички и организациски мерки за спречување на неовластено користење на податоците на клиентите.

Сигурност на податоците

Банката усвои и применува повеќе интерни акти кои што ја регулираат оваа материја и кои што овозможуваат законска обработка на личните податоци.
При тоа Вашите лични податоци ќе ги користиме само за причината за која што истите сте ги направиле достапни. Податоците нема да бидат пренесувани на државни органи, освен во случаи утврдени со закон. Сите наши вработени се обврзани да ги чуваат и да се однесуваат со вашите податоци како со информации од доверлива природа.

Директен маркетинг

Вашите лични податоци ќе бидат користени за обработка и директен маркетинг само врз основа на ваша претходнo изречeна согласнот и само во обем неопходен за секој поединечен случај.

Заштита од злоупотреби

Ги презедовме сите пропишани технички и организациони мерки за заштита на личните податоци со кои располагаме, заради спречување неовластен пристап и нивна злоупотреба. Нашите сигурносни процедури се предмет на редовни контроли и одраз на најновите технолошки достигнувања во оваа област.

Ваше право – наша обврска

Банката на ваше писмено барање ќе ви овозможи увид во сите ваши лични податоци со кои располага (име, адреса и сл.).
Доколку сакате вашите податоци да бидат корегирани или избришани (во рамки на законските овластувања), или доколку имате какви било прашања или предлози за заштита на личните податоци, можете да нè контактирате на е-адресата Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. притоа, вашата е-адреса нема да биде искористена за друга намена.