Промо Релакс потрошувачки кредит

-
Kredi automjeti
Каматна стапка
7.8 %
9.9 %
Месечен ануитет
6.342
5.163
Вкупно враќате
107.822
63.169
Вкупна камата* вредности за првите две години
7.822
3.169
СВТ од 7.822 %.
*Врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ, интеркаларната камата и висината на номиналната каматна стапка.
-
Линкови десно
Купувањето со ограничен буџет бара компромис меѓу желбите и можностите. Со РЕЛАКС кредитот на Еуростандард Банка, имате можност да добиете кредит без жиранти и вклучен грејс период од 6 месеци.
Со или без жиранти, вклучен грејс период, користење или рефинансирање, РЕЛАКС потрошувачкиот кредит може да ги задоволи сите Ваши желби и потреби
- Грејс периодСо Релакс кредитот добивате можност за грејс период од 6 месеци
- Без жирантиМожност за кредит до 300,000 денари без жиранти, а до 800,000 со 1 жирант
- РефинансирањеМожност за рефинансирање на кредити и картички без надоместок
- Брза исплата По одобрување на кредитот, средствата ги добивате веднаш на Вашата трансакциска сметка
- Маестро дебитна картичкаПри аплицирање за Релакс потрошувачки кредит добивате можност за бесплатна Маестро дебитна картичка
Карактеристики на кредитот
- Максимален износ на кредит до 800,000 денари, во зависност од кредитната способност на кредитобарателот
- Рок на отплата до 7 години (84 еднакви месечни ануитети)
- вклучен грејс период од 6 месеци, по избор
- Каматна стапка: почетна каматна стапка изнесува 7,8% на годишно ниво фиксна за првите две години. По истекот на периодот од две години каматната стапка е променлива изнесува 9,9% на годишно ниво. Променливата каматна стапка се менува согласно измените во референтна каматна стапка објавена на www.nbrm.mk по истек на полугодие (30.06. и 31,12.) зголемена за + 6.65 процентни поени но не помалку од 9,9% годишно и не повеќе од законската казнена каматна стапка
Усогласување на каматната стапка се врши два пати годишно по истек на полугодие - Казнена камата во висина на стапката на законската казнена камата
- Надоместоци до 1,0% фиксно, однапред за управување со кредитот, минимум 1,000 денари
Обезбедување
За износи до 300,000 денари и рок на отплата до 48 месеци меница потребна е менична изјава потпишана од Корисникот на кредитот
За износи над 300,000 денари и рок на отплата поголем од 48 месеци дополнително 1 (еден) кредитоспособен жирант
Право на користење
Физички лица, државјани на РМ, приматели на плата во Еуростандард Банка
Лица кои користат кредит или се жиранти на кредит во Еуростандард Банка не може да се јават како жиранти на друг кредит
Нето платите на кредитобарателот и жирантите не смеат да бидат помали од 10.000 денари
Потребна документација
За вработени во приватен сектор да се достави фотокопија од М1-М2 обрасци и рекапитулари за исплата на плата заверени во УЈП за последните 3 месеци како и тековна состојба за фирмата од Централен регистар
Во прилог на барањето задолжително да се достават фотокопии од документ за идентификација на кредитобарателот и жирантите