СООПШТЕНИЕ

Почитувани Клиенти,

Во врска со информациите кои се појавија денес во некои медиуми, а во согласност со своите принципи на транспарентно информирање и работење, Еуростандард банка АД Скопје го издава следново соопштение:

Г.дин Зоран Николовски, долгогодишен член на Управниот одбор на банката, поради приватни причини се повлекува од функцијата Член на Управниот одбор. Својата експертиза г-динот Николовски ќе продолжи да ја споделува како советник на Управниот одбор на Еуростандард банка.

По препорака на Надзорниот одбор на банката, за нов член на УО е предложен г-дин Горан Трајковски. Процедурата за именување на г-дин Трајковски како член на УО на Еуростандард банка е во тек. Г-динот Николче Петкоски останува на функцијата Претседател на Управниот одбор на Еуростандард банка.

Еуростандард банка продолжува да ја следи својата мисија за континуиран напредок и развој на своето работење во сите негови сегменти, почнувајќи од човечкиот капитал, технологијата, разновидноста на своите производи и услуги, секогаш имајќи ги во фокус своите клиенти, задоволување на нивните финансиски потреби и секако, нивната успешност.


 

Со почит,
ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД СКОПЈЕ