Последни Новости

Последни Новости (53)

Појава на нелегитимни податоци на интернет во врска со Еуростандард Банка АД Скопје

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека рекламите за отворање на сметки во Еуростандард Банка АД Скопје, кои се појавија на одредени сајтови на Интернет се нелегитимни. Единствено официјално место за податоци е корпоративната веб страница на Банката, а сите останати страници кои во име на Банката собираат податоци се со лажни или злонамерни цели.

Ве известуваме дека Еуростандард Банка АД Скопје нема никаква врска со објавувањето на овие реклами и Ве советуваме да бидете исклучително внимателни кога ги споделувате вашите лични податоци на Интернет. Во исто време ве повикуваме уште еднаш да ги прочитате „Препораките за сигурно користење на електронско банкарство“.

 

Со почит,
ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД СКОПЈЕ

Tековно оддржување на системот

 

 

Почитувани клиенти,

Заради тековно оддржување на системот, Еуростандард Банка АД Скопје Ве известува дека во периодот од 07.09.2019 година по 22:00 часот до 09.09.2019 година системите на Банката нема да бидат достапни за редовно работење.

Ви благодариме за разбирањето.

 

 

Со почит,
ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД СКОПЈЕ

Од оваа есен нови кредитни производи на Еуростандард банка

Со доаѓањето на есента животните трошоци нагло растат, трошоците поврзани со новата училишна година мораат да бидат подмирени, школарината за новата студентска година да биде платена, средствата потрошени за годишниот одмор да се надокнадат. А, кога на сето ова ќе се додадат и режиските трошоци, кои не трпат одлагање, мораме да признаеме дека крајната сума која треба да се одвои не е за потценување. Од друга страна, сите сакаме да го подобриме квалитетот на живеење, нашиот но и на нашето семејство. Па така, во овој период од годината, по пеколните летни горештини, размислуваме и за реновирање, можеби нов автомобил, нов дом, а зошто да не, и едно убаво есенско патување. Но, честопати, буџетот со кој располагаме едноставно не е доволен за се што ни треба или се што посакуваме. 

Eurostandard for web

За исполнување на сите желби и потреби, на располагање ги имаме кредитните продукти на Еуростандард Банка кои од оваа есен стануваат уште подостапни и интересни.

Следејќи ги трендовите за сезонските потреби на клиентите и секогаш стремејќи се истите да ги задоволи, Банката одлучи од оваа есен да понуди нови атрактивни кредитни продукти за полесно реализирање на сите животни планови и проекти. Во палетата на кредитни производи на Банката, во следните неколку месеци, ќе се најдат кредити со поволни каматни стапки и услови. 

Затоа, доколку ви е во план да земате кредит, можеби паметна одлука ќе биде да ја причекате и погледнете понудата на Еуростандард банка која ќе биде достапна наскоро. Повеќе детали поврзани со новите поволни кредити следуваат наскоро и ќе бидат објавени на  веб страницата на Банката.


 

Со почит,
ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД СКОПЈЕ

Деновите на финансиската писменост

Почитувани Клиенти,

Еуростандард банка АД Скопје, како општествено одговорна компанија се вклучува во реализацијата на Деновите на финансиската писменост, кои ќе се одржат во земјава, од 29 до 31 мај, во организација на Народната банка и другите регулаторни финансиски институции.

Годинава, во рамки на третото издание на Деновите на финансиска писменост, од 29 до 31 мај, во експозитурите на нашата банка, граѓаните ќе можат во непосредна комуникација со нашите вработени да ги добијат сите информации кои им се потребни, а се однесуваат на нашата работа и продуктите коишто ги нудиме, како и информации за современите начини на плаќање, можностите за управување со долг итн.

Еуростандард банка АД Скопје во согласност со своите можности ќе овозможи за сите барања за информации од областа на нашето работење, граѓаните да бидат информирани или советувани од нашите вработени.

Во експозитурите на Банката ќе има истакнат информативен материјал за дополниелно информирање на сите клиенти.

Ве очекуваме!

 

Со почит,
ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД СКОПЈЕ

СООПШТЕНИЕ

Почитувани Клиенти,

Во врска со информациите кои се појавија денес во некои медиуми, а во согласност со своите принципи на транспарентно информирање и работење, Еуростандард банка АД Скопје го издава следново соопштение:

Г.дин Зоран Николовски, долгогодишен член на Управниот одбор на банката, поради приватни причини се повлекува од функцијата Член на Управниот одбор. Својата експертиза г-динот Николовски ќе продолжи да ја споделува како советник на Управниот одбор на Еуростандард банка.

По препорака на Надзорниот одбор на банката, за нов член на УО е предложен г-дин Горан Трајковски. Процедурата за именување на г-дин Трајковски како член на УО на Еуростандард банка е во тек. Г-динот Николче Петкоски останува на функцијата Претседател на Управниот одбор на Еуростандард банка.

Еуростандард банка продолжува да ја следи својата мисија за континуиран напредок и развој на своето работење во сите негови сегменти, почнувајќи од човечкиот капитал, технологијата, разновидноста на своите производи и услуги, секогаш имајќи ги во фокус своите клиенти, задоволување на нивните финансиски потреби и секако, нивната успешност.


 

Со почит,
ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД СКОПЈЕ

Имплементирање на технологијата 3D Secure – MC Secure Code

Почитувани Клиенти,

Со задоволство Би сакале да Ве информираме дека Еуростандард Банка АД Скопје од 15.04.2019 година ќе овозможи на корисниците на Master дебитни и кредитни картички највисоко ниво на безбедност при интернет плаќања во земјата и странство.

Со имплементирање на технологијата 3D Secure – MC Secure Code на Вашиот мобилен телефон ќе се испраќа СМС порака со еднократна (ОТП) лозинка со која се врши валидација на интернет трансакциите. Со цел успешно да Ви биде доставена СМС пораката, потребно е да го имате ажурирано Вашиот мобилен телефон. Ажурирањето може да го извршите во најблиската експозитура или шалтер на Еуростандард банка.

За повеќе информации можете да не контактирате на телефонскиот број 02/3249 499 или на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Со почит,
ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД СКОПЈЕ

Соопштение за користици на СЦ Нет картички

Со овој допис сакаме да Ве известиме дека заклучно со 31/01/2019 година Еуростандард Банка АД Скопје ја завршува соработката со СЦ Нет Македонија.

На 31/01/2019та година, Вашата СЦ Нет картичка ќе биде затворена и нема повеќе да функционира. Месечниот трошок за членство кон СЦ Нет во износ од 150,00 денари нема повеќе да се задолжува од салдото на Вашата трансакциска сметка.

Трансакциската сметка со која е поврзана Вашата СЦ Нет картичка ќе остане активна и истата ќе може да продолжите да ја користите.

Ве известуваме дека Вашата трансакциска сметка може да се поврзе со Master дебитна картичка издадена од Еуростандард Банка АД Скопје, која е бесплатна картичка и со која може да подигнувате готовина на Банкоматите од сите Банки во Р. Македонија без надоместок.

За таа цел Ве повикуваме да ја посетите најблиската експозитура или шалтер на Еуростандард Банка АД Скопје со цел да ја вратите СЦ Нет картичката и да се информирате за поволностите на актуелните производи и услуги на Банката.

 

Со почит,
ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД СКОПЈЕ

 
 
 
 

Поволности за корисниците на Mastercard® Gold кредитните картички од Еуростандард Банка

АЕРОДРОМИ ВИЕНА, БЕЛГРАД И САРАЕВО

Корисниците на Mastercard® Gold кредитните картички од Еуростандард Банка АД Скопје ја добиваат посебната привилегија за бесплатно користење на Бизнис Клубови на следните аеродроми:

  • • Business club на аеродром “Никола Тесла” во Белград, Србија
  • • SKY & JET Business club-ови на аеродром во Виена, Австрија
  • • Business club на аеродром во Сараево, БиХ

Одморете се пред почетокот на Вашето патување и уживајте во луксузниот амбиент со:

  • • Неограничено конзумирање на храна и пијалоци
  • • Бесплатна употреба на Wi-FI
  • • Голем асортиман на печатени списанија

Деталите можете да ги погледнете на линкот:
https://www.mastercard.rs/sr-rs/consumers/offers-promotions/premium-program/biznis-klubovi.html.

 

Со почит,
ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД СКОПЈЕ

Стапува на сила новиот Закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам

Почитувани,

Ве известуваме дека од 07.07.2018 година со влегувањето во сила на новиот Закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам, поради што се воведуваат следниве промени во работењето на Еуростандард банка  АД – Скопје:- Согласно одредбите од споменатиот Закон, се воспоставува потреба од задолжителнa идентификација на “Носител на јавнa функциja” поради што сите постоечки и идни клиенти на банките задолжително мора да пополнат Изјава дали се Носители на Јавна Функција или се лица поврзани со Носители на Јавна Функција (Политички изложени лица), по што Банката врз основа на соодветна проценка на ризик одлучува за одобрување/продолжување на деловниот однос со лицето.- Се воспоставува задолжителна идентификација и регистрација на сите физички или правни лица што сакаат да направат/ извршат трансакција/ услуга од Банката над 500 ЕУР во денарска противвредност за трансакции на менувачница и над ЕУР 1000 во денарската противвредност за сите трансакции (вклучително и трансакции на брз трансфер на пари). Идентификацијата и верификацијата се вршат со приложување на соодветна документација издадена од надлежен државен орган (важечка лична карта/пасош за физички лица; тековна состојба не постара од 3 месеци за правни лица) а регистрацијата на новите клиенти се врши со целосно пополнета Апликација за регистрација/ ажурирање на клиент (физичко и правно лице) која е достапна на веб страницата - Се воспоставува задолжителнa идентификација и верификација на “вистински сопственик” на правно лице како задолжителен предуслов без кој Банката не може да воспостави/продолжи деловниот однос.*НОСИТЕЛ НА ЈАВНА ФУНКЦИЈАДефиниција за носители на јавна функција и/или лица поврзани со нив согласно важечката законска регулатива во РМ:


”Носители на јавни функции” се физички лица на кои им е или им била доверена јавна функција во Република Македонија или во друга држава, како:
а) претседатели на држави и влади, министри и заменици или помошници министри,
б) избрани претставници во законодавната власт,
в) судии на врховни или уставни судови или други носители на високи правосудни функции против чија одлука, освен во исклучителни случаи, не може да се користат правни лекови,
г) членови на органи на управување на супервизорски и регулаторни тела и агенции, државна ревизорска институција и членови на одбор на централна банка,
д) амбасадори,
ѓ) офицери од висок ранг во вооружените сили (чинови повисоки од полковник),
е) избрани и именувани лица согласно закон и членовите на органите на управување и надзор на правни лица основани од државата,
ж) лица со функции во политички партии (членови на извршните органи на политичките партии),
з) лица на кои им е или им била доверена истакната функција во меѓународна организација, како: директори, заменици директори, членови на управни и надзорни одбори или други еквивалентни функции и ѕ) градоначалници и претседатели на совети на општини.
За носители на јавна функција од точка а) до ѕ) се сметаат лицата најмалку две години по престанокот на извршување на јавната функција, а врз основа на претходно спроведена проценка на ризик од страна на субјектите.

Поимот „носители на јавни функции“ вклучува и:
1) Членови на семејството на носителот на јавна функција, и тоа:
- брачен другар или лице со кое носителот на јавна функција е во вонбрачна заедница,
- деца и нивни брачни другари или лица со кои децата на носителот на јавна функција се во вонбрачна заедница или
- родители на носителот на јавна функција.
2) Лице кое се смета за близок соработник на носителот на јавна функција е физичко лице:
- за кое е познато дека има заедничка правна или вистинска сопственост врз правно лице, има склучено договори или воспоставено други блиски деловни врски со носителот на јавна функција или
- кое е единствен вистински сопственик на правно лице или правен аранжаман за кое е познато дека се основани во корист на носителот на јавна функција.

 

Со почит,
ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД СКОПЈЕ

Секој е уметник на свој начин!

 

Под мотото „Создавај уметност„ Еуростандард банка и оваа година го поддржа  58-то издание на Фестивалот „Охридско лето“.

До 20 август градот Охрид ќе ги живее своите 40 дена возбуда што ги носи Фестивалот.

Повеќе од 800 уметници од 27 земји од целиот свет ќе музицираат, глумат, творат на неколкуте фестивалски сцени, ќе настапат звучни имиња од светот на музиката,
но и најдобрите театарски продукции со извонредни драмски проекти.

Во текот на претстојните фестивалски вечери, „Охридско лето“ ќе донесе совршен спој на музиката, театрот и воопшто на уметноста.

Бидете и вие дел од овој настан!

 

Со почит,
ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД СКОПЈЕ

Subscribe to this RSS feed